Според новите истражувања објавени на „СиЕнЕн“, изметот на морските птици, како што се галебите, пеликаните и пингвините, може да вреди скоро половина милијарда долари годишно.
Причината за високата вредност е тоа што изметот на овие птици може да се користи како трговско ѓубриво и е од витално значење како придонес за хранливите материи во морските екосистеми.
Може да се продадава како ѓубриво
За да се подигне свеста за важноста на морските птици и зачувувањето на нивните живеалишта, научниците се обидуваат да го измерат нивниот придонес со проценка на вредноста на изметот од птиците и да илустрираат какви трошоци нè чекаат доколку популацијата на овој вид се намали, пишува „СиЕнЕн“.
Според телевизијата, се чини дека не станува збор за „ситни пари“. Имено, вредноста на изметот на овие птици се проценува на повеќе од 473 милиони долари годишно.
Изметот на морските птици е производ што го добиваме без никакви трошоци. Треба само да одиме на брегот или островот, да го собереш изметот и да ги продадеме по пазарна цена како ѓубриво – вели екологот Маркус В. Цанцијарусо од универзитетот Гојас во Бразил.
Важноста за екосистемот и крајбрежната економија
Иако само неколку видови морски птици произведуваат измет што може да се комерцијализира, во Перу, Чиле и во други земји, отпадот на други птици придонесува за виталните хранливи материи за морските екосистеми, што пак е важно за крајбрежната економија.
Морските птици ослободуваат високи концентрации на азот и фосфор преку фекалиите, предизвикувајќи важни промени во морското опкружување во околината – се наведува во студијата.
На пример, кај екосистемите на коралните гребени, хранливите материи од изметот на морските птици влијаат на бројот на риби, но и на нивната големина, што е важно за риболовот и туризамот на места како Карибите или Југоисточна Азија.
Експертите се обиделе да ја пресметаат годишната вредност на азотот и фосфорот испуштен од морските птици, односно колку би чинело да се замени корисниот состав на нивниот измет со вештачките хранливи материи. Се покажало дека ѓубривото е многу поскапа опција отколку да се инвестира во заштита на птиците и нивните живеалишта.
Проценета вредност од една милијарда долари
Направивме многу конзервативна проценка дека 10% од рибите од коралните гребени зависат од нутритиенти од морските птици. Според ОН и австралиската влада, годишните економски приноси на трговскиот риболов на коралните гребени надминува 6 милијарди долари. Значи, 10% од оваа вредност е околу 600 милиони долари годишно. Додајте ја на тоа комерцијалната вредност од скоро 474 милиони долари, вкупната вредност морските птици се зголемува на милијарда долари – вели Плазас-Хименез, докторант на универзитетот Гојас, кој работеше на истражувањето.
Популацијата на морски птици е загрозена од климатските промени, инвазивните видови, прекумерниот риболов, но и нивниот „нутриционистички лов“, а тоа е што тие често случајно умираат како нуспроизвод на комерцијалениот риболов.
Студијата наречена „Valuing Ecosystem Services Can Help to Save Seabirds“, е објавена во списанието „Trends in Ecology & Evolution“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.