Северот на САД е заледен поради поларни температури и ветрови кои доаѓаат од Арктикот, поради што властите вовеле итни мерки за заштита на населението.
Жителите на Чикаго, третиот по големина град во земјата, кој е наречен „Ветровитиот град”, се разбудиле со поглед на блокови мраз на каналите кај езерото Мичиген.
На социјалните мрежи се појавиле и снимки од експерименти кои луѓето во Чикаго ги изведувале на минус 50 степени кога во воздухот фрлале вода која автоматски замрзнувала.
За да ги заштитат очите од студениот ветер, многу од жителите на Чикаго носеле маски за скијање.
Во градот во 4:00 часот наутро било минус 28 степени Целзиусови, со што бил надминат рекордот за студ за 30-ти јануари, кој бил поставен во 1966-та година.
Масата на арктички воздух ќе предизвика екстремно ниски температури, кои, со дополнителниот фактор ветер, ќе дава чувство како да е минус 34 до минус 51 степен, навеле метеоролошките служби.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.