Денеска во Југословенската кинотека се одржа комеморативната седница за српската актерка Неда Арнериќ која почина на 67. години на која присустувале бројни пријатели и колеги.

По комеморацијата беше прикажан филмот на македонскиот актер и режисер Коле Ангеловски, „Колнати сме, Ирина“, кој беше снимен во 1973 година.

Собирот почнал со едноминутно молчење, после што беа прочитани телеграми од Мира Бањац, Горан Паскаљевиќ, Друштвото на хрватски филмски режисери, како и режисерот Лордан Зафрановиќ.

Неодамна згаснаа три големи филмски ѕ везди, не напушти Милена Дравиќ, Душица Жегарац и олицетворението на животот и љубовта – нашата Неда. Почна рано, а професионалниот живот нас два пати не спои, работевме заедно на два филма и тоа беше драгоцено, напишал во телеграмата Зафрановиќ.

Урната со посмртните останки на актерката ќе биде положена во Алеата на заслужни граѓани во Белград.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.