Си купувам црква и ќе си палам свеќи за здравје. Вака директорката на приватната здравствена установа „Ре Медика“ Елица Јорданова, сопруга на Минчо Јорданов за „Телма“ зборува за последната инвестиција на „Ре Медика“ да ги преземе долговите од „Бетон“ за црквата „Св. Константин и Елена“.
Станува збор за долг од 4,4 милиони евра кој кон „Бетон“ на Минчо Јорданов го имаат Фондацијата „Св. Цар Константин“ и Македонската православна црква за изградбата на храмот во центарот на Скопје.
Со тоа „Бетон“ на Јорданов, ќе го исчисти долгот и ќе го префрли на „Ре-медика“. Болницата ќе треба на „Бетон“ да му го исплати целиот износ со што ќе стане доверител. А одлуката треба да ја усвојат акционерите на „Бетон“ на вонредното собрание на 18 октомври.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.