Мал авион, за кој постојат сомнежи дека превезувал дрога, се запали откако во неделата слетал на пат во јужната мексичка држава Кинтана Ро.

Не е познато дали авионот принудно слетат и се запалил или криумчарите се тие кои го запалиле. На снимките кои ги објавија од полицијата се гледа како дим се издига над авионот, кој се наоѓа на рурален пат со две ленти.

Секретарот за јавна безбедност Алберто Капеља рече дека авионот „може да се доведе во врска со нелегални активности“. Сајтот „Авиејшн Сејфти Нетворк“ го идентификуваше авионот како повеќе децении стар БАе-125 со 15 места за седење.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.