Во услови на пандемија во хотел „Белви“ во Охрид се организира „шведска маса“, а луѓе без маски и никаква дистанца чекаат на ред, објави на социјалните мрежи гостинка во хотелот.
Таа додаде дека заедно со нејзината мајка, лице од ризична група и најмалку уште пет такви лица се сместени баш во овој хотел затоа што е пристапен, но таму ги пречекало ова.
Затоа што сликавме дојде менаџерот и ни рече дека ова не било шведска маса, туку самопослужување и имале дозвола од Агенцијата за храна по протокол. И ми рече да не се правиме „џекои“ да го постираме. Во меѓувреме помина маж со дете без маски и искоментира: „Ако вие страв, седете си дома!”. И во ресторанот на затворено седат луѓе без маски. Затоа да не ве чудат бројките и статистиката. П.С. јадевме храна од соба за да не чекаме, пишува таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.