Не ни понуди многу причини за радост годината што измина. За среќа, ги броиме последните часови од неа, а во последните минути да се потсетиме што ни го окупира вниманието.

Веднаш по Водинци, одекна гласно веста дека преку затворена група на социјалната мрежа Телеграм со наслов „Јавна соба“, македонски средношколци споделуваат и коментираат на интимни фотографии и видеа на малолетни девојчиња од земјава, најчесто нивни врснички. Грушата ја открија средношколци кои пристапиле. Сепак, оваа група не била тинеџерска, Меѓаши се сомневаше дека се работи за синџир на педофили, а, пак, истрагата на МВР откри дека администратор на групата е татко и сопруг од Кисела Вода.

1. Најчитаната вест за 2020 година е поврзана токму со „Јавна соба“.

2. Македонското здравство не се снајде во борбата со короната

Она што ни го обзеде вниманието, ни ги зароби животите, ни ги одзеде најмилите – ковид 19. Првиот случај во Македонија беше регистриран на 26 февруари.

Сепак, најчитана вест за корината е тажното сведоштво на Михаела од Штип.

3. Српската естрада поинтересна од македонската

Српската естрада никако да се симне од тронот на интересот. Оваа година очите на Македонците беа заковани на облините на српските турбо фолк пејачки.

4. Вита става без жртва

5. Цеца и Аркан – најконтроверзниот балкаски пар 

Сопругот на српската пејачка Светлана Ражнатовиќ, Жељко Ражнатовиќ Аркан беше убиен на 15 јануари 2000 година. Интересот на јавноста за животот и смртта на Аркан не спласнува ниту по 20 години.

6. Водици како што доликува

На 19 јануари 2021 година капачи нема да скокаат во осветените води по светиот крст. Само пред една година се беше толку нормално. Како што доликува. Најчитана вест од Водици ни доаѓа од сосдството, од Винча. И пливачите и организаторите се согласиле да му овозможат на Милан да ја изненади Лидија.

7. Колку бргу се шири корона вирусот

Видеото кое се шири на социјалните мрежи на вистински начин прикажува колку брзо се шири вирусот, помеѓу кои и коронавирусот COVID-19. Ланецот започнува од пациентот, а поради само една грешка на лекарот вирусот се пренесува на уште неколку луѓе.

8. Легендарната изјава на претседателот Борис Трајковски за косовските бегалци од 1999 година

9. Шилегов пред Заев

Скопскиот градоначалник и висок функционер на СДСМ Петре Шилегов не се согласува со официјалната политика на подвиткана кичма каква што води неговиот лидер Зоран Заев за македонско-бугарското прашање. Бугарите биле окупатори, смета Шилегов, а во битките со „администраторот“ Шилегов ќе рече: Мојот град загубил 5000 жители, цивилно население, во „администрирањето“, 950 во борби со „администраторите“.

10. Секс-афера во соседството

Во Србија полицијата разби голема секс афера во која биле вкучени девојки од различни професии. Тие нуделе услуги на богати клиенти, но некои си имале проблеми поради надареноста на некои од муштериите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.