Предвидувањата на слепата пророчица за 2021 година биле откриени откако таа ги предвидела 11 септември и Брегзит и покрај тоа што умрела многу години претходно
Вангелија Гуштерова, попозната како Баба Ванѓа, го добила прекарот „Нострадамус на Балканот“ поради своите бизарни предвидувања кои го гледаат крајот на светот во 5079 година.
Непосредно пред нејзината смрт во 1996 година, Ванѓа предвидела дека 2021 година ќе биде година во која ќе биде пронајден лек против карцином. Освен тоа, тврдела и дека 45-от претседател на Америка, сега веќе поранешниот претседател Доналд Трамп, ќе боледува од мистериозна болест од која ќе оглуви и ќе има оштетување на мозокот.
За 2021 предвидела и атентат на „најмоќниот човек на Кремљ“, но и дека извесен „Змеј“ ќе завладее со човештвото. Тврдела и дека наредните години исламски терористи ќе ја нападнат Европа, а дека ќе користат хемиско оружје.
Ќе дојдат тешки времиња, верата ќе ги подели луѓето. Ќе бидеме сведоци на големи катастрофи, кои ќе ја променат судбината на човештвото. Сепак, тоа ќе помогне да се смени свеста на луѓето, рекла таа наводно.
Ако ова би можело да се протолкува како нешто што, метафорички или буквално, ќе се случи, постојат две тврдења за кои не знаеме што конкретно би можеле да значат.
Првото е дека „ќе се обединат три џина“, а второто е дека „луѓето ќе почнат да користат црвени пари“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.