Меган Маркл стана мајка пред околу еден месец.

Познато е дека војвотката од Сасекс е голема заговорничка на здрав начин на живот кој вклучува редовно вежбање и разнолвидна исхрана, но она што повеќето обожаватели на кралското семејство го интересира е времето што ѝ е потребно за да ја врати фигурата која ја имала пред бременоста.

 

Меган навистина сака да биде во форма, но не ѝ се брза во теретана. Времето главно го корстит за да му се посвети на синот Арчи.

Никаде не ѝ се брза. Единствено што практикува е јога. И многу шета околу паркот во Виндзор. Едноставно ужива во мајчинството, онака како што би требало секоја мајка да ужива, изјавила Кејти Никол од кралскиот двор.

Дорија, мајката на Меган, инаку инструкторка по јога, наводно дополнително го усовршило знаењето по јога за да ѝ помогне на ќерката по породувањето

Пристапот на Меган кон сè е холистички и нежен. Не ѝ е важно да биде во форма и тоа само еден месец после породувањето, заклучила Кејти Никол.

Од друга страна, нејзината јатрва, која е мајка на три деца, поради кралсските обврски, кои им се работни обврски на члченовите на семејството, не можеше да ужива во мајчинството колку што сака и рано се враќаше на работа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.