На Бадниковата вечер традицијата е целото семејство да се собере на традиционална вечера. Но, зошто се јаде одреден тип на храна? Што претставува оваа храна? Што не смее да недостасува на вашата маса за време на оваа вечера?
Според верувањата, богатата трпеза значи дека и годината ќе биде богата.
Традиционално на бадниковата маса за вечера треба да има риба, грав, погача без квасец, суво овошје и тиква.
Се верува дека тиквата се јаде за децата во текот на годината да немаат „красти“ на главата.
Ореви се јадат само на Бадниковата вечер, а не и за Божиќ, како не би пателе од чирови во текот на годината.
Постои верување дека гравчето е омилена храна за душа на покојните. На тој начин на Бадниковата вечера се воспоставува симболична врска со нашите предци.
Рибата има ритуално значење, и во средниот век се врзувало како симбол за Исус Христос.
Лукот има посебна симболика, во минатото на него се давало дури и магиско значење за подобро здравје, па затоа е неизоставен дел од бадниковата трпеза.
Освен храната и пијалаците имаат симболика на оваа вечера. Еден од обичаите е ракијата и виното да не бидат испиени, односно садот од кој се точат да не остане празен, а последната чашка се враќа назад.
Виното симболизира крв.
За време на оброкот, никој не треба да станува, се додека не завршат сите со јадењето. По завршувањето, сите треба да станат истовремено и важно е семејството да биде сложно.
Бадниковата вечера треба да нè потсети на тоа колку е важно семејството и слогата во него.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.