Еден од најпознатите, секако и најпопуларни пророци на сите времиња, Французинот Мишел Де Нострадамус, во своите визии не ја заобиколи ниту 2022 година.
Тој со неверојатна прецизност во 16 век, предвидувал што се ќе се случува после неговата смрт. Така, го видел нападот на Њујорк на 11 септември, подемот на Хитлер, големиот пожар во Лондон, откритијата на Луј Пастер, двете светски војни, нуклеарните експлозии во Хирошима Нагасаки, како и слетувањето на месечината.
Но што предвидува Нострадамус за 2022 година.
За 2022 година Нострадамус предвидел удар на метеор и дожд од астероиди. Ударот на метеорот би можел да предизвика голема штета. Нострадамус пишувал за Долга трага од искри на небото направени од оган. Тоа би значело, не само дека астероид би можел да ја удри земјата, туку и дека може да предизвика потреси во океанот предизвикувајќи цунами кое ќе доведе до потрес.
Според него инфлацијата ќе излезе од контрола и вредноста на доларот ќе биде срушена. Не само тоа, среброто, златото и биткоинот ќе бидат вредност во која луѓето ќе вложуваат. Тој предвидува и дека луѓето ќе ги губат вредностите кои ги поседуваат, бидејќи работите ќе избегаат од контрола и никогаш нема да имаат доволна количина кај себе, да го платата она што мораат.
Нострадамус исто така за 2022 година предвидел дека вештачката интелигенција би можела да управува со компјутерите со човечки интерфејс.
Нострадамус исто така предвидел и проблеми од локален карактер, поточно во Франција, како голем број пожари, суши и поплави.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.