Според верувањето кај нашиот народ истурање вода по некој кој оди на пат или на работа, носи среќа и се прави со цел работата да се заврши добро или патувањето да мине среќно и без проблеми.

Овој ритуал се практикува и кога се оди на училиште, на испит, се зборува за добивање работа, претходи и на одење во војска и слично. Се смета дека ова е еден од најстарите ритуали за повикување на среќата, востановен во народната традиција.

Етнолозите сметаат дека истурената, т.е проточна вода ја симболизира подвижноста, леснотијата на движењето, дека не застанува и не заглавува и дека со истурањето вода се повикува нечија работа да тече непречено како истурената вода.

Во прилог на ова тврдење на етнолозите се и зборовите што се изговараат при истурање на водата и кои се запишани во некои краеви.

При самиот чин на истурање вода, треба да се каже: Нека ти биде бистро и чисто како водата!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.