Двајца маскирани улични забавувачи влегле во автобусот кој возел на линијата 95 во Белград и ги изненадиле патниците.
Тие двајца влегле и почнале да свират и пејат најпрвин на шпански јазик, а потоа еден од нив на течен српски јазик им се обратил:
Многу ви благодарам на вниманието. Ние сме прв пат во Србија. овде сме два месеци и досега видовме дека Србите се многу пријателски расположени.
Потоа на изненадување на сите патници ја запеале „Овамо цигани“, големиот хит на познатиот српски пејач Предраг Живовиќ Тозовац кој неодамна почина од последици од Ковид-19.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.