Шпанците се затворени веќе една недела во куќите и среќни се ако имаат домашно милениче за да може да го одведат на прошетка, а тие кои немаат во очај да фатат малку свеж воздух стануваат се покреативни.
Околу 47 милиони жители смеат да излезат на кратко надвор за да може да ги прошетаат кучињата. Но, полицијата мораше да ги прекорува граѓаните кои со себе имале животни кои вообичаено не ги шетаат. Некои ги вратиле дома бидејќи ги затекле како шетаат кози, свињи, канаринци…
Немојте да се обидувате да не измамите бидејќи ќе бидете казнети, порача полицискиот синдикат преку Твитер откако еден маж бил заѕекнат како на јаже влече сомотско бело куче.
Ниту канаринци, ниту виетнамски свињи, ни кози, што се не видовме во Палафугел не може да биде изговор за излегување од дома и кршење на забраната. Ве молиме останете дома, напиша каталонската полиција на Твитер.
#Gerona ✖😷
Multado un hombre que paseaba una cabra 🐐 para evitar el confinamiento por el #Coronavirus en #PalafrugellQUE NO SE ENTERAN ALGUNOS DE LA IMPORTANCIA DE QUEDARSE EN CASA… 😡
https://t.co/nt4ERXpUfH— Isabel Ríos 🇪🇸 (@isaimarivent) March 20, 2020
Во јужниот град Мурсија еден минувач шетал по улица облечен во костим на тироносаурус, се додека не наишло полициското возило.
Coronavirus dinosaur gets told off and sent back to quarantine by police in Murcia (southern Spain).
Via @MurciaPolicia pic.twitter.com/YrGsLWUFwz— Matthew Bennett (@matthewbennett) March 16, 2020
Локалната полиција потоа му се обрати на населението со јасна порака:
Во време на вонредната состојба дозволено е излегување на кратко само додека домашниот миленик не изврши нужда, во придружба на една личност. Ако сте во костим на Тираносаурус Рекс тоа не важи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.