Медицинскиот одбор именуван да ја истражи смртта на Диего Марадона, заклучил дека медицинскиот тим на фудбалската ѕвезда постапил неадекватно и непромислено, се наведува во извештајот.

Марадона(60) почина минатиот ноември од срцева инсуфициенција. Аргентинските обвинители покренаа истрага набрзо после неговата смрт, вклучувајќи налог за претрес на имотот на неговиот личен лекар и истрага за другите кои биле вклучени во неговата нега.

Марадона долги низ години се борел со зависност од алкохол и дрога, а во ноември го оперирал мозокот. Во март се состана лекарски одбор кој требаше да ја истражи неговата смрт.

Акцијата на здравствениот тим задолжен за лекување на Диего Марадона била неадекватна,  слаба и непромислена – се наведува во извештајот на лекарската комисија од 30 април

Во извештајот се наведува дека Марадона сериозно се разболел околу 12 часа пред смртта околу пладне на 25 ноември.

Покажал недвосмислени знаци на продолжен мачен период, па заклучуваме дека пациентот не бил правилно надгледуван од 00: 30, 25.11.2020 , се наведува во извештајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.