Марина Гагиќ наводно му се заканила на Дарко Лазиќ дека ќе го напушти и ќе го земе малиот Алексеј со себе ако не се смири и почне нормално да живее.
На младата мајка и пречи што пејачот постојано пие, а и многу е здебелен. Таа од него бара да стане сериозен и да поведе сметка за своето здравје, кое е се полошо поради прекумерната килажа, поради што и движењето му е отежнато.
Дарко и Марина многу се караат во последно време. Тој се свртува на шега, но воопшто не е наивна ситуацијата. Марина била крај него во најтешките моменти и за време на повеќемесечното закрепнување, кое воопшто не беше лесно, а тој се уште не е ни закрепнат. Милион пати го опоменувала да пази на себе, да се одмори, да внимава на себе, да се одмара, да внимава што јаде, да не пие толку. Дарко се сложува со неа, но потоа продолжува по свое. Кога видела каде води сето тоа му рекла: Доста те трпев. Твоето однесување е непростливо. Ако не си добар за себе, не си добар ниту за мене и детето. Престани да пиеш и да си играш со животот. Не можам да те гледам како се уништуваш, му рекла Марина на Дарко – тврди извор близок на семејството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.