Ари Бен, поранешниот зет во норвешкото кралство, почина на 47 години, соопшти неговиот портпарол.
Бен кој е автор на неколку драми и принцезата Марта Луиз се венчаа во 2002 година, а се разведоа пред две години.
Неговиот портпарол изјави дека тој си го одзел животот, а по ова веднаш се огласи и кралското семејство потенцирајќи дека тој бил важен дел од нивното семејство во изминатите години наназад.
Парот има три ќерки, Мод, Леу и Еми, а се разведе во 2016 година.
Среќни сме што го познававме – напишаа кралот и кралицата во своето соопштение, додавајќи дека жалат што нивните внуци го изгубиле нивниот татко.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.