Британското кралско семејство му забрани на војводата од Јорк, принцот Ендру да јаде со својот постар брат – војводата од Велс, принцот Чарлс и други членови на семејството.

Покрај тоа, војводата, кому му се суди за сексуален напад, на гозбата по повод празникот на полковниците на Армијата, беше замолен повеќе да не ја претставува Гренадерската гарда, и беше побарано да го напушти настанот пред да почне вечерата, пренесува „Сан“.

Тој, сепак, на крајот присуствуваше на вечерата како приватно лице. Портпаролот на „Кларенс хаус“ истакна: „Гренадерската гарда е претставена од регионалниот генерал-потполковник Роланд Вокер“.

Вирџинија Робертс го тужи вториот син на кралицата за наводна сексуална злоупотреба врз неа кога таа била тинејџерка. Робертс тврди дека била жртва на трговија на педофилот милијардер Џефри Епштајн – поранешен пријател на војводата, и била сексуално злоупотребена од војводата Ендру во Лондон, кога имала 17 години – малолетничка според американскиот закон. Британскиот престолонаследник, деветти во редот, постојано ги отфрла обвиненијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.