Обвинителството во Германија наложило обдукција на телото на Шабан Шаулиќ за во четврток.

Според информациите од истрагата, Шабан после судирот на автопатот кај Билфилд сам излегол од смачканото возило и влегол во санитетското возило.
Меѓутоа од ударот му пукнала срцевата аорта, а поради компликации пoчинaл во болница.

После обдукцијата ќе бидат познати повеќе детали за причината на неговата cмpт.

Државата преку МНР на Србија ќе го организира транспортот на телото од Германија во Белград.

Било предвидено неопходната документација да биде завршена до четврток, меѓутоа обдукцијата е закажана за 21 февруари, поради што сите подготовки за пoгpeбoт се одлагаат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.