Хрватската писателка Ведрана Рудан, позната по жестоки критики на секоја девијација во општеството, уште еднаш застана во одбрана на Северина Којиќ, која го изгуби старателството над синот Александар. Овојпат Ведрана рекла дека случајот на одземање на детето на пејачката е случај на „колективно силување на правосудниот систем во Хрватска.
Хрватска е женомрзачка земја, Северина е симбол на сите нас и жал ми е што во неа ништо не се менува на подобро – истакна таа.
Овој случај зборува за валкана Хрватска, додава таа велејќи дека и е жал што во Хрватска ништо не се менува на подобро, иако се донесени маса закони за заштита на жените.
Рудан во Хит твит истакнала дека Северина е голема уметничка и покрај тоа што и се случува, бидејќи се поткупени судии и обвинители.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.