Бизнисменот Милан Поповиќ сака да се смири со Северина Којиќ. Српскиот крал на бакарот сврте нов лист откако го доби старателството над синот Александар(7).
Во интерес на детето е ние двајца да комуницираме. Некој да не сфати погрешно, не сакам ние двајца повторно да бидеме емотивни партнери, туку само сакам како родители на Александар нормално да функционираме – рекол Поповиќ.
На кралот на бакарот не му е јасно зошто неговата поранешна партнерка го прекинала секој контакт со него.
Морате Северина да ја прашате зошто не сака да разговара со мене. Јас со неа не сум се карал и подготвен сум нормално да функционираме. А таа се кара, како и повеќето жени – рекол Поповиќ
Потоа објаснил што значи тоа.
Жените всушност не се караат, туку само престануваат да зборуваат со вас. Кога сите земји би имале жени за претседатели, сигурен сум дека повеќе не би имало војни. Би имало само еден проблем. Претседателките не би зборувале една со друга – рекол Поповиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.