Мајката на еден од најдобрите фудбалери на денешницата Долорес Авеиро(65) итно е примена во болница откако во ноќта меѓу понеделникот и вторникот доживеала мозочен удар.
Како што пренесуваат португалските медиуми, мајката на Роналдо во пет часот изутрината била итно превезена во болница, поради мозочен удар.
Локалните медиуми наведуваат дека во тек се испитувања како би се утврдила нејзината состојба.
Долорес во 2007 година го победи ракот на дојка, но минатата година објави дека болеста и се вратила.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.