Педесет и осум годишен Холанѓанец 9 години ги држел шесте деца затворени во зафрлена фарма во Холандија каде што чекал пропаст и крај на светот.

Холандските власти ги згрижија децата, чиј татко ги затворил во подрум и девет години ги држел заклучени во очекување на крајот на светот.

Таткото, кој е сопственик на фармата, заврши во привремен притвор затоа што не сакал да соработува со истражителите – соопшти полицијата во градот Дрент на истокот на Холандија.

Според холандското радио, човекот, заедно со своите шест деца, на возраст од 16 до 25 години, живееле во изолација во подрумот на фармата во Руинерволд, каде го чекале крајот на светот.

Сопственикот на блискиот паб изјавил за локалните медиуми дека вчера ја информирал полицијата, откако бил контактиран од збунет млад човек, кој му рекол дека не бил надвор 9 години.

Тој рече дека избегал и му е потребна помош – изјавил сопственикот на пабот.

Полицијата открила шест лица на фармата кои сега се згрижени. Не е познато во каква здравствена состојба или во какви услови живееле. Не е познато ни каде е мајката на децата.

Жителите на градот се шокирани. Тие рекоа дека виделе само човек на имотот и не знаеле дека тој има семејство. Фармата е скриена зад дрвјата и оддалечена околу 200 метри од крајот на градот. Имало голема градина со зеленчук и стадо кози што паселе низ имотот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.