Судот во Панама на максимална казна од 50 години затвор осуди седум членови на една секта, кои убиле бремена жена и шест деца во ритуал на „егзорцизам“.

Претходно, уште двајца членови на сектата „Нова божја светлина“ беа осудени на по 47 години затвор, јавува АБЦ Њус, а пренесува Танјуг.

На 13 јануари 2020 година, тие поканиле голем број селани во нивната импровизирана црква, а според властите, ги тепале со палки и мачети, додека некои биле принудени да се соблечат и да одат по скара.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.