Во својата книга „Above and Beyond: Secrets of a Private Flight Attendant“, стјуардеса која работи на приватни авиони споделува приказни за секс, интриги и скандали што се случуваат на височина од илјадници метри, пишува „Дејли мејл“.

Користејќи го името Саскија Свон за да го заштити својот идентитет и кариера, стјуардесата раскажува дека работела шест години за „без пари“ за една од водечките светски авиокомпании, пред случајниот состанок во лондонски бар за да ѝ обезбеди работа во луксузен приватен авион.

Во својата книга, напишана заедно со Николас Стоу, Саскија опишува како се нашла во гламурозниот свет на олигарси и милијардери, каде стјуардесите носат „Прада“, а различни случки се случуваат не само во авионот, туку и во пилотската кабина.

Од шеф кој „очекуваше малку повеќе од стјуардесите“ до тоа да мора да ги скрие доказите за љубовница, Саскија открива што навистина се случува со приватните авиони.

Руски милијардер кој очекувал секс

Саскија потпишала осум договори за доверливост пред руски милијардер да и ја понуди својата прва работа, што и донела годишна плата од 40.000 фунти (56.700 американски долари).

Откако влегла во гламурозниот свет на богатите, Саскија почна да патува во луксуз, облечена во дизајнерски униформи и да престојува во хотели со пет ѕвезди. Сепак, работата има свои недостатоци.

Саскија била известена дека ќе патува со сопругата на нејзиниот шеф Ирина (името е сменето) и нивните две деца, но набрзо открила дека тој крие мала валкана тајна.

Во еден случај, таа го придружувала семејството од Истанбул до Лос Анџелес, но штом Павел (името е сменето) се поздравил со сопругата, а Саскија била принудена да ги расчисти сите знаци на нејзиното присуство.

Не смее да има едно влакно на Ирина во авионот. Савана е русокоса. Ако забележи едно кафеаво влакно ќе се сомнева дека Павел ја изневерува. Може сите да настрадаме поради тоа – гласело упатството што го добила Саскија.

Откако неколку часа биле блиски на троседот, љубовницата почнала да го прашува шефот на Саскија зошто не сака да се ожени со неа. Двајцата биле во врска повеќе од три години.

Во книгата, Саскија раскажува како тој ја водел на различни места, како што се Париз, Хонг Конг, Сиднеј и Холивуд, но секогаш почнувал со извинување кога таа споменувала дека сака да оди во Москва да ги запознае неговите родители.

Наскоро откако почнала со работа, Саскија сфатила дека Павел е „познат женкар“ кој „очекувал малку повеќе од неговите стјуардеси“.

Откако била предупредена дека ако не спие со нејзиниот шеф, може да смета дека е отпуштена и дека должи 20.000 фунти (28.400 американски долари), Саскија ја прифатила поканата на Павел за вечера во Њујорк.

Вечерта ѝ бил доставен фустан и дијаматски ѓердан, а потоа со луксузен Мерцедес била однесена во угледен ресторан во Медисон Парк. По луксузната вечера, Павел со приватен лифт ја однел Саскија во неговиот Пентхаус апартман, кој бил декориран со раскошни лустери и луксузни стаклени балкони.

По вечерата што вклучувала кавијар, школки и јастог и скап шампањ, Саскија вели дека работите следеле сами по себе.

Танцувавме, а тоа продолжи во секс, на тепихот, помеѓу остатоците храна. Неизбежен мисионерски секс. Сигурна сум дека имаше земено Вијагра… Ги затворив очите и го оставив да продолжи. 

 

Проститутка. Ѓубре. Зборовите се појавуваа како на картички пред моите очи кога се разбудив, гола, мамурна и сама во креветот на Павел – вели таа и додава дека иако се разбудила во еден од најекстравагантните хотелски апартмани, сепак се чувствувала мошне евтино.

По ова, Саскија вели дека иако се чувствувала виновно кога требало да работи пред сопругата на милијардерот, сепак, поради големите долгови и стравот дека ќе ја загуби работата, сексот за една ноќ преминал во афера.

Така мојата рутина продолжи, со неговите повици во пет часот и секс под раскошни лустери, со добро вино и уметничките дела на Моне, Пикасо, Матиз – вели таа.

Саудиски принц кој ја крие својата љубовница во авионот

Три години по почетокот на нејзината нова кариера, Саскија почнала да работи за саудискиот принц Хусеин (името е сменето), каде што продолжуваат тајните љубовни врски.

Набргу потоа, таа го начекува принцот додека тој имал секс со неговата љубовница во авионот.

Пред да почне со работа, Саскија добила упатства дека работата за Хусеин е во „безбеден авион“, што значело дека сопственикот на авионот не сакал стјуардесите да откриваат што се случувало на авионот.

Земање мерки за дизајнерска облека во „Херодс“

Саскија, која порано имала значителни долгови, но сега живее без долгови, била шокирана кога добила дизајнерска облека за својата прва работа во приватен авион.

Нејзината гардероба вклучуваласвилени марами на „Хермес“, кожни ремени и чанта „Прада“, чевли „Салваторе Ферагамо“ и куфери „Луј Витон“.

Саскија поминала некое слободно време, преминувајќи од еден во друг приватен авион. Вели дека таа „ја обожавала секоја секунда од тоа време“. Таа зборува за тоа како нејзината работа ја носела од спа центри на Карибите до Дубаи, Њујорк, сафари во Африка и тематски паркови во САД.

Платата беше приближно иста – околу 450 долари плата плус 125 долари за покривање на трошоците за живот на ден – вели таа.

Папагал кој зборувал на два јазика и кој обожувал компири

Во еден од авионите, Саскија и нејзината колешка требало да се грижат за Феликс,  папагал, кој зборувал два јазика и Хелена, сијамска мачка, која имала своја маска со кислород за итни случаи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.