Комбинацијата на опуштање покрај алкохол, заеднички деловни пријатели и гледањето на луѓето во поинакво издание кај секој седми човек резултира со неверство, открива најновото истражување, пишува Daily Mail.
Иако се чини дека социјалните мрежи, форумите и различните апликации на допишување се места каде почнуваат повеќето неверства, ново истражување открива дека и новогодишните забави имаат еднаков ефект. Особено оние деловните.
Мажите се полоши кога станува збор за неверство, тие двојно почесто изневеруваат од жените. Секој петти маж признава дека би можел да изврши неверство во таква новогодишна атмосфера, додека истото го мисли секоја деветта жена.
За полесно да се носат со неверството повеќето испитаници ја поддржуваат тезата „тоа што не го знаеш, нема да те боли“, бидејќи сметаат дека не можат да влијаат на тоа дали навистина ќе извршат неверство или дека ќе имаат доволно образ да го сокријат и неверството да се сведе исклучиво на кратка физичка авантура.
За да не паднете во искушение, може да ги следите овие совети:
1. Внимавајте со количината на алкохол
2. Најдете време за дружење и секс со партнерот
3. Разговор, бидејќи неверствата се случуваат во врски каде комуникацијата е лоша
4. Слобода на партнерот – колку повеќе луѓето имаат слобода во врската помалку изневеруваат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.