Грчкото општество преку социјалните мрежи, претставници на политичките партии, владиниот портпарол, но и дел од спонзорите го кренаа својот глас и реагираа против сексуалното насилство врз жените и силувањето, откако учесник во грчкото реално шоу „Big brother“ што се емитува на телевизијата „Скај“, излезе со изјава дека тој лично секој ден мора да биде со девојка, бидејќи „во спротивно ќе има силување“, јави дописничката на МИА од Атина.
-За женските, секој ден ќе одам со една, за да си го испразнам пакетот, во спротивно ќе има силување, е скандалозната изјава на 30-годишниот Андонис Александридис додека разговара со двајца други учесници во реалното шоу.
Реакциите првично беа на социјалните мрежи, каде што беше објавено видеото со конкретната изјава, а синоќа, #cancelbigbrother беше најпопуларниот хаштаг во Грција.
Реагираа и од опозициските партии СИРИЗА и Движење на промена, а портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас, преку неговиот официјален „Твитер“ профил соопшти дека побарал од Националниот совет за радиодифузија да го истражи случајот со дијалог со „вулгарна сексистичка содржина, што дури упатува и на кривично дело“, а контактирал и со телевизијата „Скај“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.