Сите членови на семејството Карлбон спиеле во својот дом во Њу Џерси кога нивните животи се смениле за само неколку секунди. Џими, таткото и неговите две деца, Хантер (2) и Маделин (6), спиеле горе. Нивната мајка заспала на софата.
Околу 2 часот наутро, Маделин се разбудила бидејќи почувствувала дека очите и грлото ја печат. Потоа таа го слушнала звукот на алармот за пожар. Во тие моменти, горниот кат веќе бил полн со чад и таа не можела да види речиси ништо. Пожарот, наводно, започнал од шпоретот на кујната додека семејството спиело. Карбони изгубиле скоро се што имаат и домот изгорел толку многу што веќе не можеле да живеат во него.
Само три месеци пред овој ужасен настан, Маделин на училиште учела како да се однесува во случај на пожар. Таа лекција и овозможила да го заштити семејството и да ги предупреди за пожарот што можел да им ги однесе животите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.