Планинската Спасителна Служба вечерва интервенираше врз заглавен автомобил на превојот “Баба”, на планината Галичица. Изведувајќи редовни тренажни активности и анализа на состојбата и условите на планината, вечерва екипа на ПСС при Црвен крст Охрид, наиде на заглавен автомобил со двајца патници на превојот “Баба” и со помош на службено теренско возило асистираше во извлекување на истото од снежните наноси, од кои целосно е блокиран превојот на патниот правец Р-2332, преку планината Галичица. ПСС апелира до љубителите на планината и зимските авантури, да бидат крајно внимателни на овој патен правец, кој во моментов на места има големи снежни наноси, замрзната подлога и одрони, кои ја загрозуваат безбедноста на учесниците во сообраќајот. Потсетуваме и дека истиот патен правец е со ограничен режим на сообраќај во зимскиот период, при што сообраќајот е дозволен само во должина од 9 км, од Трпејца до излетничко место “Корита”, додека останатиот дел е затворен за сообраќај.
извор: pss.org.mk
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.