Ирене Оуши стана најстарата личност која скокнала од авион, а тоа го направила за да собери пари за ретка болест од која почина нејзината ќерка.

Покрај тоа што ги собрала потребните пари, таа ги освои и срцата на Интернет публиката, а нејзиното видео досега е прегледано повеќе од милион пати.

Фејсбук страницата „Now This” го сподели видеото на кое пишуваат како 102 годишната баба скокнала од авион за да собери пари за болеста на моторните неурони од кои починала нејзината ќерка.

Поради таа болест луѓето ги губат моторните способности. Ирене во последните две години скокнала три пати, а публицитетот го искористи за да собери пари за организацијата која се занимава со пронаѓање на лекот за болеста од која почина ќерка ѝ.

Ирене пред скокот морала да земе многу кислород, но пред скокот од 5.000 метри не покажала воопшто страв.

“Што се однесува до мене, јас сум иста како и сите останати луѓе на светот”, кратко изјави Ирене со која за секој скок присуствувало и нејзиното семејство кое ја чекаше долу на земјата. Таа досега собрала 12.000 долари и основала страница преку која луѓето може да донираат пари на Интернет.

точка.мк



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.