Во опсерваторијата „Аресибо“ во Порторико, се урна еден од најголемите телескопи на светот.

Телескопот е изграден во 1963 година и функционираше 57 години, но престана да се користи откако претходно годинава, инженерите предупредија дека поради неговата лоша состојба тој може сам да падне.

Таквите прогнози се исполнија, но нема повредени.

Телескопот се користеше за бројни астрономски откритија, а во минатото прежиева урагани, земјотреси и бури. Сепак, штетата е направена, па телескопот падна пред планираното уривање.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.