Eден од патниците за Севастопол, Русија решил да патува потполно гол. Не само што се соблекол пред сите патници, туку како од мајка роден застанал во редот и инсистирал да влезе во авионот. На московскиот аеродром „Домодедово“ морала да интервенира и полицијата и да го задржи 38. годишниот Московјанин.
Многумина до патниците веднаш ги земале мобилните телефони и почнале да ја снимаат необичната случка па може да се види како мажот на подот ја оставил својата облека и торба, и така потолно гол застанал да чека ред да ја чекира картата. Во еден момент се прекрстил.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.