Никола Бојовиќ убиен е на 29 април 2013 година во центарот на Белград во 7.05 часот, пред очите на бројните минувачи, во улицата на царица Милица, кога тргнал во пекара.

Бојовиќ во една прилика, можеби на шега, изјавил дека би сакал на гробот Џеј да му ја отпее песната Недела.

Така и беше. Тој тмурен ден, на погребот на момчето, неговиот татко Вук Бојовиќ, го замолил познатиот пејач да ја исполни последната желба на неговиот син.

И додека плачот одекнува низ гробиштата, пејачот вели: Драг мој пријателе, твојот збор за мене е заповед. Луѓе ова е многу тешко, но морам да го направам, рекол Џеј, едвај изговарајќи ги овие зборови и ја започнал строфата од најтажната песна. Секој збор ги погаѓал присутните директно во срце, за што сведочат бројните воздишки, лелекот и плачот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.