Кога принцот Хари ја запозна Меган Маркл пред три години, започнаа и шушкањата дека тој се дистанцирал од остатокот на кралското семејство, па дури и од братот Вилијам. За јавноста, тоа беше малку чудно, бидејќи синовите на починатата принцеза Дијана и принцот Чарлс уште од детството се неразделни.

Сега помладиот брат, во интервјуто за британскиот „ITV“ ги потврди шушкањата и кажа дека не е во најдобри односи со братот.

Вилијам и јас тргнавме по различни патишта. Браќата имаат добри и лоши денови, рече меѓудругото принцот Хари.

Тој истакна и дека стиловите на живот, желбите и верувањата, негови и на братот Вилијам многу се разликуваат, дека ретко се гледаат и дека не е чудо што нивниот однос поради големиот семеен и медиумски притисок се променил.

Дел од оваа улога која ние ја играме е носењето на огромен притисок. Неизбежно е да дојде до кавга. Но гледајте, ние секогаш ќе бидеме браќа, јас секогаш ќе бидам тука за него, како што знам дека и тој ќе биде за мене, изјави Хари.

Наводно, до кавга дошло поради тоа што Вилијам не бил воодушевен од идејата Хари да се ожени со Меган



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.