Славниот српски фудбалер Ѕвездан Терзиќ ќе стане дедо, пренесуваат српските медиуми. Имено неговиот син Костадин, кој е поранешно момче на Анастасија Ражантовиќ ќе стане татко.

Неговата избраничка Валентина за неколку месеци на свет ќе го донесе нивното прво дете. Парот планира и свадба, а судбоносното „ДА“ ќе го изговорат во јуни годинава.

Фановите коментираат дека Анастасија и Костадин имале светла иднина, но сега наместо Анастасија свадба како од бајките ќе има неговата идна сопруга Валентина.

Несудениот зет на Цеца беше во врска со нејзината ќерка во 2016 година и се прослави преку неа во јавноста, семејствата и ден денес се во добри односи, а двајцата тргнаа по своите патишта.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.