Порно-ѕвездата Миа Калифа ги израдува фановите ширум светот со својот последна објава на Инстаграм.

Имено, „омилената порно-пензионерка“ сподели со своите придружници дека се разведува од сопругот по две години брак. Таа навела дека не станува збор само за еден проблем, како и дека таа и сега веќе поранешниот сопруг, останале во добри односи.

Со сигурност можеме да кажеме дека се обидовме сè за да успее нашиот брак, но по речиси една година терапија и работа на тоа, се разделивме, знаејќи дека еден во друг засекогаш ќе имаме пријател и дека навистина дадовме сѐ од себе. Секогаш ќе се сакаме и почитуваме, затоа што знаеме дека не е само еден интерен проблем причина за нашето раскинување, туку кулминација на нерешливи, клучни разлики за кои не можеме да се обвинуваме еден со друг. Го затвораме ова поглавје без жалење и двајцата почнуваме од почеток, одделно, но нè поврзува неверојатното семејство, пријателите и љубовта кон нашите кучиња. Ова требаше да се случи многу одамна, но мило ни е што поминавме време заедно и дадовме сѐ од себе, па можеме да продолжиме да зборуваме дека апсолутно максимално се потрудивме, напишала Миа во соопштението.

Миа Калифа и Роберт Сандберг се свршија во март 2019 година, а се венчаа во јуни истата година. Тие редовно објавуваа заеднички фотографии на социјалните мрежи, но љубовта не траеше.

Ова ѝ беше втор брак на порно-sвездата, со оглед на тоа што нејзиниот прв сопруг ѝ беше љубовта од средното училиште, со кого исто така беше во брак само две години.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.