Разводот на Дејвид Линлеј, грофот од Сноудон, син на принцезата Маргарет од бракот со лордот Сноудон и внук на кралицата Елизабета Втора, од Серена, грофицата од Сноудон после повеќе од 25 години брак ја растажил кралицата, пренесува „Дејли Мејл“.
Линлеј објави дека тој и неговата сопруга се разведуваат, а нивните пријатели како причина за разводот го посочуваат неговото отсуство од домот поради работни обврски. Грофот инсистира дека причината за разводот не е трето лице.
Линлеј е најпознат по својата компанија за производство на скапоцен мебел која го носи неговото име “Linley’s”. Портпаролот на парот потврди дека тие ќе се разведат: „Парот ги замолува сите да ја почитуваат нивната приватност и приватноста на нивното семејство“.
Разводот на грофот и грофицата од Сноудон доаѓа една седмица откако најстариот внук на кралицата, Питер Филипс и неговата сопруга Отом одлучија да живеат одвоено и потоа да се разведат.
Инаку, Дејвид и Маргарет се венчаа во 1993-та година и имаат две деца – Чарлс Армстронг-Џонс и Маргарита Армстронг-Џонс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.