Необична несреќа се случила во американската држава Индијана, кога се превртел камион кој превезувал „Нутела“.

Како би избегнал судар, возачот на камионот изгубил контрола над возилот. Потоа забил во бетонски ѕид и камионот се превртел. Возачот поминал без потешки повреди.

На автопатот од камионот се разлеале околу 20 тони „Нутела“ а истовремено истекле и 150 литри дизел гориво.

Заради несреќата автопатот бил затворен два и пол часа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.