Претставници од невладините организации, јавните институции, вработени во Општината и членови на Советот, припадници на Армијата од велешкиот гарнизон, членови на Ротари клубот, ученици со своите наставници, вработените во ЈКП „Дервен“ и граѓани денеска ги пошумуваа опожарените површини над езерото Младост во Велес.

Прва поголема акција за пошумување во која на 10 хектари беа засадени 13.700 садници – јасен, јавор, багрем и чемпрес изведе денеска општина Велес на опожарените површини над велешкото езеро „Младост“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.