Девојка од село на територијата на општина Трговиште, реон кој се наоѓа помеѓу македонската граница и Врање, неодамна се породи дома со помош на нејзината мајка. За татковство на нејзиното новороденче „обвинува“ дури 15 мажи, пренесува српски „Инфо Врањска“, додавајќи дека оваа информација ја потврдиле неколку извори во Трговиште, како и во Здравствениот дом Врање.

Mладата мајка наводно не го внела името на таткото во матичната книга на родените, бидејќи се подготвувала татковството да го докаже преку судски спор, а на суд требало ќе се најдат 15 „сомнителни“ млади мажи, со кои, како што кажала, имала „блиска врска“.

Дел од локалците велат дека ситуацијата се смирила, бидејќи „официјалното“ момче на девојката го прифатил детето како свое, но доколку мајката продолжи со постапката, ДНК тест на Биолошкиот факултет во Белград ќе им се испитува на сите 15 „осомничени“.

Според порталот „Инфо Врањска“, сите 15 потенцијални татковци, меѓу кои има многу истакнати луѓе од оваа општина, се плашат не толку од можното татковство, туку затоа што ќе бидат на удар од малограѓанството и озборувањата.

Од воведувањето на ДНК анализа во постапката за утврдување на татковство, околу 27 отсто од жените кои ги тужеле своите партнери за докажување на татковството, ги загубиле судските спорови, пишува порталот „Инфо Врањске“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.