Цело семејство во Русија за само неколку дена ги загубиле животите поради компликации предизвикани од Ковид-19. Родителите и нивната бремена ќерка биле заразени со корона вирус, а лекарите успеале да го спасат само бебето.

Според медиумите, 64-годиш маж и неговата 61-годишна сопруга, заедно со нивната 36-годишна ќерка, починале откако биле заразени со Ковид-19. Ќерката, Светлана Сорочинскаја починала непосредно по породувањето.

Според информациите дадени од роднини, таткото имал операција на срцето и се претпоставува дека жената и ќерката биле заразени за време на посетите во болницата.

Властите во Санкт Петербург ќе го преземат старателството над бебето.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.