Изминативе недели не престана да се зборува и да се претпоставува дали севернокорејскиот лидер е жив или не.  Ким Џонг Ун го немаше 20 дена во јавноста, а потоа се појави на отварање на фабрика во Пјонгјанг. По само неколку дена од пишувањата дека сепак е жив и не починал на операција за срцето, се појави нова шпекулација. Ким Џонг Ун има двојник!?

Оваа теорија има поткрепа откако се појави снимка на која се гледа како разговара са двајца мажи, кои се облечени исто како и Ун. Снимката е направена во јули 2017. година, а на неа се гледа како диктаторот разговара со луѓе додека им покажува како изгледа новата ракета.

На снимката се чини дека се иста висина, со идентични фризури, а изгледа и дека носат ист костум како и севернокорејскиот лидер, пренесува Њујорк пост.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.