Манифестацијата „Тиквешки гроздобер” годинава нема да се одржи поради превентивните ковид-мерки, одлучи Советот на општина Кавадарци.

Советниците денеска на седница одлучија да ја изземат оваа точка од дневниот ред.

Според програмата, манифестацијата требаше да биде тридневна и да се организира во септември. Предвидени беа дегустации на традиционална храна и тиквешки пијалоци, изложба на олдтајмери, два карневала, како и забавно-музичка програма.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.