„Одиме ден по ден“ – изјавил Том Хенкс. Холивудскиот актер Том Хенкс и неговата сопруга, актерката и пејачка Рита Вилсон, заболени се од коронавирусот.
Хенкс денес се огласил на својот Инстаграм профил со порака во која им се заблагодарува на луѓето за поддршката која што му ја даваат.
Рита и јас сакаме да им се заблагодариме на сите кои што се загрижени за нас. Имаме Ковид-19 и во изолација сме за никој да не можеме да заразиме. Во наша близина има луѓе кај кои, доколку ги заразиме би можело тоа да помине во посериозна болест“ – напишал Хенкс и додал:
Одиме, ден по ден. Постојат работи кои што сите може да ги направиме за да ја пребродиме оваа ситуација, така што ќе ги следиме советите од експертите и ќе се грижиме едни за други. И запомнете, без оглед на ситуацијата, нема плачење во бејзбол“ – заклучил тој.
Хенкс изјавил дека тој и Рита биле во Австралија и дека “се чувствувале малку изморени како да имааат некој вид настинка и некои болки во телото“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.