Саудијка која побегнала од својата земја и сакала да побара азил во Австралија, била киднапирана и вратена во земјата, а оттогаш ѝ се губи секаква трага.

Дина Али Ласлум, тогаш 24-годишна, не била сослушана бидејќи ја запреле филипинските власти и ѝ ги конфискувале пасошот и останатите документи за време на транзитот на аеродромот во Манила, на пат кон Австралија, во април, 2017-та година.

Таа барала помош преку социјалните мрежи, но на крајот нејзините вујковци и покрај нејзиното врескање ја присилиле да се врати во авионот. „Ја совладаа. Ѝ ја затворија устата. Ѝ ги врзаа рацете и нозете, ја влечеа во авионот и ѝ викаа, но никој не направи ништо“, изјавила американската активистка Мона Елтахави.

Саудиската амбасада во Манила тогаш дала изјава нарекувајќи го случајот „семеен проблем“ и велејќи дека Дина Али се вратила со своите роднини во својата татковина.

Според истражувачот на HRV од Блискиот Исток, Адам Кугел, однесена е во засолниште за жени во Ријад, каде е задржана некое време. Ласлум е една од многуте саудиски девојки кои се обиделе да ја напуштат земјата за подобар живот, но неуспешно.

Прашањето за родниот апартхејд, со кој се соочуваат жените од Саудиска Арабија, привлече светско внимание во јануари, кога 18-годишната Рахаф Мухамед ал Кунан побегнала од Бангкок и се забарикадира во хотелската соба на аеродромот. На крајот доби азил во Канада, каде сега ужива во својата нова слобода. Но, Рахаф е една од среќничките.

Најмалку две млади жени од Саудиска Арабија, кои стигнале на аеродромот во Сиднеј во изминатите две години, присилно се вратени откако изјавиле дека сакаат да бараат азил од австралиските службеници, наведува „For Korners“.

Австралискиот министер за имиграција, Дејвид Колман, одбил интервју, а за програмата „ABC“ само изјавил дека владата нема да коментира поединечни случаеви.

Во меѓувреме, Елтахави ветила дека ќе продолжи со борбата за правата на саудиските жени.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.