Новинарот Даниел Василев, кој на денешната прес-конференција го праша министерот за здравство Венко Филипче дали е препорачливо додека трае самоизолацијата граѓаните да започнат со реновирање низ домот, се огласи на „Фејсбук“ откако се најде во центарот на вниманието на социјалните мрежи:

Ајде да ви нацртам о вие мастер тролови и големи новинарски имиња.
90% од времето го поминувате дома, така? – Така. Ајде прашајте наоколу колку од вашите соседи, колеги, пријатели итн. помислиле дека досадата да ја разбијат со средување на домот.
Дали е глупаво да се праша министер за здравство за реновирање дома? – Да, глупаво е, ама ова не е нормална ситуација. Зошто прашањето е адресирано до него? Венко Филипче во моментот има поголем рејтинг од сите политичари, музичари, актери заедно. Сите го гледаат. Ако Филипче не каже да не се реновира, сигурен сум дека ќе има такви што ќе сакаат да го средат домот.
Мајстор не работи само во една куќа или стан, работат на повеќе места одеднаш. Кога ќе заврши во станот Х, ќе дојде кај вас. Што ако личност од станот Х е заразен?
Што ако утре властите донесат мерка во која би ги забраниле сите вакви активности? Тие што почнале или планираат да почнат ќе треба да домот да го остават таков-каков што е… Во таков случај, утре ќе треба да седат дома, во самоизолација, во недозавршен стан, што правиме тогаш?
На крајот на денот, реновирање на домот е скапа инвестиција, некој за да реновира треба со време да планира. Зошто луѓе да си ги дадат така парите во вакви услови во какви што живееме денеска?
А за сите радознали, ниту реновирам, ниту планирам во догледно време.
П.С. Фала ви тролчиња, да не бевте вие, немаше да слушнат луѓето дека не треба сега да се прават вакви работи



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.