Езерото Туз, второто по големина во Турција, годинава целосно пресуши поради, како што тврдат научниците, сушата предизвикана од климатските промени.

Езерото е со големина од 1.665 квадратни километри, истото било дом на неколку видови птици. Исто така тоа дополнително беше погодено од штетната земјоделска политика која, според експертите, го исцрпила подземното водоснабдување.

Езерото Туз, што на турски значи Солено Езеро, со векови било прибежиште за големите колонии на фламинга кои се размножувале таму, хранејќи се со алги од плитката вода на езерото, пишува АП.

Овде имаше околу 50.000 млади фламинга. Сите исчезнаа бидејќи нема повеќе вода – изјави Фахри Тунц, фотограф и претседател на регионалната еколошка групација Дога Дернеги.

Студијата направена врз основа на сателитски снимки на турскиот универзитет Еге покажува дека нивото на водата на езерото Туз почнало да опаѓа во 2000 година, а оваа година целосно исчезнало поради високите температури, зголеменото испарување и недоволниот дожд.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.