Македонија, но и регионот еден месец го тресе аферата Рекет, во која главен актер е Боки 13. И додека се истражува кој се е замешан во оваа афера, Бојан Јовановски е во Шутка. Тоа е и местото каде тој утре ќе го дочека својот 33 роденден.
За разлика од претходните години, кога се бањаше во лускуз и се фалеше со скапите подароци и гостите кои присуствуваа на неговите прослави, очигледно годинава роденденот ќе му помине скромно. Она што е интересно во целата приказна е дека тој минатата година како да предвиде дека 33-тиот роденден ќе го помине во затвор, па прослави на италијански начин, во стилот на голем мафијаш.
Прославата може да почне, италијанска вечера за мојата 32, мала Сицилија во Скопје, напиша минатата година Боки на социјалните мрежи.
За претходните роденедени на подарок му пристигнуваа и огромни букети црвени рози.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.