Иранскиот парламент денеска донесе закон според кој четири нули ќе бидат избришани од националната валута на ријалот, јавуваат иранските државни медиуми, пренесе Ројтерс. Деноминацијата доаѓа по нагло опаѓање на вредноста на иранската валута, за што влијаеше и обновувањето на санкциите на САД врз Техеран.
Иранската национална валута ќе биде преименувана од ријал во томан, чијашто номинална вредност е поранешни 10.000 ријали, а пратениците донесоа закон за отстранување на четири нули од националната валута.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.