Телото на 70 годишната Е.И која починала било предадено на сопругот кој ја идентификувал. Но кога кога стиглал дома во Бор видел дека тоа не е неговата жена.

Оваа сцена како од филмот „Викенд на мртовци“ се одвивала во Ниш. Синот на Е.И отишол да си ја бара мајката но од болницата му рекле дека таа „заминала“.

Тој раскажува дека доживеал шок кога му кажале дека телото мајка му не е во болницата.

Го кажав нејзиното име и работникот ми вика „таа отиде“. Каде бре отиде?. Ми одговори дека дошол човек, ја идентификувал и си го земал телото на покојната-раскажува синот.

Уште истиот ден двете семејства направиле размена на покојните.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.